Внимавајте со лековите: Родилка испила ибупрофен, кожата ѝ отпаднала и завршила во кома

Добивај вести на Viber

Замислете да земате обичен лек против болка, а телото да почне да ја отфрла сопствената кожа. 

Токму тоа ѝ се случило на Алешија Роджерс од Небраска, мајка која по царски рез редовно земала ибупрофен, а завршила во кома додека 95% од нејзината кожа отпаднала.

Алешија го родила својот син во август 2020 година и за ублажување на болките користела ибупрофен двапати дневно. По три недели, добила висока температура, болки во грло и осип. Лицето ѝ се прекрило со плускавци, а кожата почнала да се лупи.

Лекарите утврдиле дека станува збор за редок и опасен Стивенс-Џонсонов синдром (SJS), кој кај неа преминал во најтешката форма – токсична епидермална некролиза (TENS). 


Била префрлена во оддел за изгореници и ставена во индуцирана кома. Во тој период се борела со сепса и откажување на органи, додека лекарите правеле пресадување кожа за да ѝ го спасат животот.

„Мојата фамилија доби вест дека имам само 5 до 10% шанса да преживеам“, се присетува таа. По еден месец интензивна нега, успеала да се разбуди и полека да закрепнува. Денес, пет години подоцна, живее со трајни последици – проблеми со кожата и постојан страв дека реакцијата би можела повторно да се појави.

Иако нејзината приказна е ретка, таа служи како предупредување. Според податоци, секоја година околу 33.000 луѓе во светот заболуваат од SJS, а кај TENS смртноста достигнува и до 40%.

„Не сакам луѓето да живеат во страв од лекови, но мора да бидат свесни дека и најобичната таблета може да предизвика страшна реакција“, порачува Алешија.

Извор: ona.telegraf (М.С.К)