Во екот на шпекулациите дека поранешниот сопруг Швајнштајгер е во нова врска со жена од Бугарија, Ана одговори со насмевка на лицето

Ана Ивановиќ (37), поранешна тениска шампионка и миленичка на спортската елита, се појави на Ролан Гарос за првпат откако стана јавно познато дека се разведува од Бастијан Швајнштајгер. Додека светот зборува за неговата нова девојка, Ана молчеше. Сè до сега.
На теренот не беше со рекет, туку со насмевка и покажа дека не бара сожалување. Појавата на Ана, како бренд амбасадор на познат производител на апарати за домаќинство беше тивка, но впечатлива порака. Носеше деловен костум, дискретна шминка, златен часовник — и поглед полн со мир. Стилот беше гласен, иако зборовите недостасуваа.
„Добар ден“ е доволно
Во Париз, Ана ги поздрави присутните со едноставно „Добар ден“, кажано на француски јазик. Тоа беше доволно за сите да сфатат: Ана не бара соживување, не ја интересира драма. Таа ја носи тагата со достоинство.
Бастијан во нова врска — тајната врска почнала на Мајорка?
Веста дека Бастијан Швајнштајгер (40) е во врска со извесна бугарка по име Силва експлодира во германските и светските медиуми. Според блиски извори, врската започнала токму на Мајорка — местото кое до неодамна беше дом и на Ана.
„Беше тајна врска, но сега се веќе пар“, велат пријатели на Бастијан. Тие неодамна беа фотографирани како се држат за рака на плажа, слики кои го обиколија светот. На нив, Швајнштајгер не личи повеќе на семеен човек — туку на маж кој продолжил понатаму, без да се осврне.
Извор: ona.telegraf