Во кого е маскирана? Ким Кардашијан ги воодушеви обожавателите со својот костум

Ким Кардашијан
деновиве е во фокусот на медиумите со неверојатниот „Холограм од рајот“, кој таа го доби како подарок за својотјубилеен 40 роденден од сопругот Канје. Но,
старлетата како и секој ден така и за Ноќта на вештерките ги воодушеви
обожавателите со оригинална маска.
Риалити ѕвездата се маскираше во Керол Баскин од овогодинешниот хит документарец Тајгер Кинг, а во маската вклучи пријатели и семејство.
Carole Baskin, Joe Exotic and our tigers #Halloween2020 pic.twitter.com/eYl2fZsyN3
— Kim Kardashian West (@KimKardashian) October 30, 2020
Нејзиниот пријател Џонатан Чебан се маскирал во Џeо Егзотик, додека нејзините четири деца, Норт, Сент, Чикаго и Псалм, беа облечени како тигарчиња. Воодушевените обожаватели беа полни со комплименти на сметка на нејзиниот костум, а многумина коментираа и за тоа колку нејзините деца се слатки.
Фото: Инстаграм и Твитер