„Во потарагата по мртвиот син, ја пронајдов верата“: Потресни сеќавања на татко кој го изгуби синот на прослава на Нова Година

Добивај вести на Viber

Во длабоко и трогателно интервју за Радио Станица Мир Меѓугорје, Ненад Периш, таткото на трагично починатиот Матеј Периш, го сподели своето болно искуство и пронајдената вера среде незамислива болка.

Успешен хемиски инженер, меѓународен ватерполо судија и поранешен спортист, Ненад се соочи со најтешкиот предизвик во животот кога неговиот син исчезна во Белград за време на дочекот на Новата 2021 година. Потрагата по Матеј го потресе целиот регион, а достоинственото држење на Ненад и неговата непоколеблива вера инспирираа илјадници луѓе.

Тој се сеќава на последниот заеднички Божиќ во 2021 година, кога целото семејство уживало во топла атмосфера и обично семејно дружење. Веста за исчезнувањето го затекнала во Барселона, кога во такси возило, слушајќи ја ќерката како му соопштува, изустил: „Боже, само да е жив“. Веднаш објавил апел за помош на Фејсбук, што ја покрена јавноста.

Три и пол месеци поминал во Белград, посветен на потрагата. Неговите денови биле исполнети со молитви, посети на цркви и разговори со полицијата и новинарите. Во тој период примил повеќе од 30.000 пораки со поддршка, без ниту една негативна.

Клучен момент во неговата духовна преобразба се случил во февруари 2022 година, кога за време на молитва крај Сава почувствувал внатрешен дијалог со машки глас. Гласот го прашал дали сака да го види Матеј и дали е подготвен да застане пред Бога.

 Тој одговорил дека не е, сфаќајќи ја својата човечка слабост. Тогаш гласот му рекол дека кога ќе биде подготвен, Бог ќе стои од левата, а неговиот син од десната страна. Ова искуство му донело мир и длабока надеж.

По пронаоѓањето на телото на Матеј, Ненад ја прифатил вистината со болка, но и со вера. Неговата порака е дека љубовта е најважна, верата спасува, а искрената молитва и понизноста го отвораат патот кон Бога. Материјалното, вели тој, никогаш не може да донесе мир кој го дава верата.

Извор