(ВИДЕО) Во програма во живо без панталони: Новинар покажа повеќе од потребното

Добивај вести на Viber

Повеќето од нас изгубивме чувство за одбројување на деновите во карантин, работејќи од дома во пижами, заборавајќи кога последен пат излеговме на отворено.

Репортерот на АБЦ Њуз, Вил Рив, во моментов најмногу може да се исповетува со тоа, со тоа што заборави на нешто многу важно: пантолоните.

Рив се појави во вторникот на „Добро утро Америка“ да зборува во живо. Но, во еден момент, Рив, кој е сам свој снимател додека е вклучен од дома, беше позициониран така што беше сосема јасно дека е облечен во горен дел од костум - но нема панталони. 


„Јас пристигнав“, напиша тој на Твитер, откога сфати што направил, „на најсмешен можен, застрашувачки начин.

По коментарите на Твитер, Рив ги уверуваше сите дека носи шорцеви.

Репортерот исто така се шегуваше дека нема да се вработи како камерман во скоро време.

Видео: