Во тоа е тајната: Квалитети на мажите кои знаат да освојат и да чуваат жена

Сите познаваме барем еден маж кој нема проблем да освои жени. Тој секогаш успева да стигне до дамата што му се допаѓа и да го задржи нејзиниот интерес. Таквите мажи имаат нешто заедничко, а тоа се овие квалитети:
1. Внимателност
Жените нема да одолеат на внимателните мажи кои не се ставаат себе си на прво место. Совеста првенствено и најзначајно се манифестира во малите работи што често ги запоставуваме, како што се отворање врати или ослободување место во јавниот превоз на стари лица. Исто така, постојат многу поголеми и поважни потези. Ако мажот е спремен да го откаже излегувањето со пријателите во време кога навистина и треба на жената, тоа покажува дека тој има предвид за нејзините потреби
2. Флексибилност
Можеме да испланираме нешта за дури 10 години, но животот секогаш ќе нè изненадува кога најмалку ќе очекуваме. Затоа мажи, е важно да бидете флексибилни и заради овој квалитет ќе пораснете во очите на жената. Способноста да се справите со (не) очекуваните промени и навремено да одговоритеза жените е моќен „афродизијак“ затоа што им овозможува да знааат дека сте силен и стабилен, тоа е она што особено го сакаат жените и од сексот.
3. Самопочитување
Овој квалитет не треба да се меша со егоцентризам. Човек полн со самодоверба не е заљубeн во самиот себе, тој е само свесен за неговите доблести и не дозволува да го манипулираат. За разлика од егоистот, тој е смирен и нема да слушнете од него само- пофалби, но тој секогаш ќе биде горд на добро сработена работа. Еден маж што се самопочитува и покажува на својата сопруга- девојка дека ќе се однесува со неа и со почит.
За останатите квалитети на мажите кои ги привлекуваат жените прочитајте на Машки магазин