Водителката Милена ужива на одмор во Турција: Го покажа трудничкото стомаче (ФОТО)
Познатата водителка Милена Антовска последните денови од летото ги поминува во Турција .
На одмор во Сиде, а ги израдува обожавателите со неколку фотографии на социјалните мрежи.
Милена која важи за една од најзгодните ТВ лица во земјава, го покажа трудничкото стомаче. Таа е скоро 19 недели во блажена состојба.
Неодамна ја објави веста дека ќе стане мајка по втор пат , но и какво бебе очекува.
Милена ќе биде уште еднаш мајка на ќерка, а треба да се породи во јануари.
-Да вистина е, на половина бременост сум. Уште малку и ќе бидам во петтиот месец. Очекувам бебето да не израдува во јануари. Веќе се знае дека е женско , наша втора ќерка и Лана Марија ќе си добие сестричка. Уште едно девојче, навистина многу сум среќна. Можеби длабоко во себе посакував да имаме и син, но не ми е жал. Нели ќерките повеќе ги чуваат родителите. Па ако е така јас и Гордан со две ќерки значи ептен ќе бидеме чувани, рече Милена кога ја откри бременоста.
Фото: Фејсбук