Водно – посткарантински полно со рекреативци

Добивај вести на Viber

По завршувањето на 61-часовниот викенд карантин, Водно од рано наутро денеска беше исполнето со рекреативци. Правилата наложуваат – индивидуална рекреација, групи најмногу од двајца, социјална дистанца и некористење автомобили.

Полициска екипа уште на почетокот на патот кон средно Водно ги пренасочува автомобилите и ги враќа назад, а индивидуално пешачење, како што вели полицијата, засега е се уште дозволено.

Еве како беше претпладнево на Водно.