Војни, дрога, вакцини, пожари, поплави, болести, вируси и страдања - ете тоа им оставаме во наследство на нашите деца: Писателката Весна Трајковска

Добивај вести на Viber

Статус на писателката Весна Трајковска:

Болести, сиромаштија, екстремни богатства, нехуманост, алчност, завидливост, себичност, злоба, зло, лицемерие, не љубов... Тоа е сликата за нашата планета.
Затоа се срамам. Се срамам пред нашите деца. Се срамам затоа што ние повозрасните генерации ја доведовме оваа планета во ваква состојба.
Се срамам од нашата несвесност и несовесност како човештво.
Се срамам што наместо убаво и пријатно место за живеење, ние Земјата ја направивме место на кое што беснее стравот за сопствените млади животи, од несигурната иднина, се срамам од нашата алчност и аздисаноста по материјални и хедонистички задоволства, од себичноста и нехуманоста, од завидливоста и злобата...
Се срамам што на нашите поколенија, ние не успеавме да им бидеме пример за заедништво и за простување и што им оставивме само немир и несигурност и закани од сите страни.
Се срамам што како човештво ја уништиме планетата со ГМО, со лекови, со хемија, со загаден воздух, вода и почва, што ги уништивме шумите, животните и птиците...
А, можевме ние многу подобро, можевме!
Можевме да бидеме пример како изгледа рајот во универзумот. Земјата и така беше создадена за да биде рај, но самите ние и нашата алчност ја уништи.
Војни, дрога, вакцини, пожари, поплави, болести, вируси и страдања. Сѐ е од нас, сѐ сами си направивме.
Ете тоа им оставаме во наследство на нашите деца.
Се срамам пред оние уште неродени деца, наши внуци, заради реалноста во која што ќе ги пречекаме.
Потфрливме како човештво затоа што во нас место љубовта, преовлада стравот и себичноста. Затоа што не сфативме дека сите сме Едно и дека штетата што им ја правиш на другите, всушност си ја правиш себе си. Не сфативме дека парата не го прави човекот среќен и дека ни треба многу малку за да имаме душевен мир и благосостојба.
Сепак, верувам. Верувам дека сѐ уште има време и дека ако само малку повеќе се освестиме и промениме, ќе можеме да спасиме колку толку од она што останало од оваа планета.
Ако не заради нас, тогаш заради нашите деца...
Сепак, таа промена започнува од себе...