Војуваше со него исто како со Карлеуша, а сега се едно: Цеца се помири со нејзин голем непријател

Добивај вести на Viber

На естрадата никогаш не е досадно – припадниците на српскиот шоубизнис често се караат, прават скандали за кои се зборува денови, но и се помируваат, што понекогаш предизвикува најголем одек во јавноста. 

Така, едно големо помирување се случи во последните денови, а станува збор за Цеца Ражнатовиќ и Чеда Јовановиќ кои повеќе од една деценија не беа во добри односи.

Цеца забележана како влегува во зграда каде што живее Чеда Јовановиќ

Фолк дивата беше видена како влегува во зграда во која живее Јовановиќ, а за тоа дека ја посетила политичарот сведочи и фактот што во зградата влегла во придружба на неговиот пријател Александар, со кого сè почесто се појавува во јавност, пренесува Курир.

Чеда помина низ тежок животен период по разводот од сопругата Јелена, со која беше во брак 25 години, а како што се зборуваше, Јовановиќ влезе во тешка финансиска криза, а во јавноста беше забележан во загрижувачка состојба со гипс на раката, додека пријателот со кој Цеца дојде во неговиот стан му помагаше целиот тој период, бидејќи не можеше ни да оди. 

Јовановиќ на Инстаграм објавуваше снимки на кои плаче поради ситуацијата во која се најде и грижа за децата кои го гледаат во таква состојба.

За среќа, ситуацијата сега е подобра, па Чеда сега патува и полека „се враќа во живот“, гостува во емисии и делува прилично расположено.

Сè уште е мистерија причината за средбата на Цеца и Чеда, но дефинитивно е чудно што некогашните заклети непријатели одеднаш се помирија. 

Да потсетиме, тие двајца пред неколку години гостуваа заедно во емисијата „Хит Твит“ заедно со Жељко Митровиќ, каде што паднаа бројни обвиненија поради кои Цеца на крајот ја напушти емисијата.

Извор: Курир