Воодушевена од маските: Андријана Јаневска на Венециски карневал ужива во панормски разглед од гондола

Добивај вести на Viber

Традиционалниот Венециски карневал е еден од главното обележје на градот Венеција и еден од главните виновници за во овој период од годината бројот на туристите да е во пораст.

Македонската пејачка Андријана Јаневска е во посета на овој град, каде сведочи на едно неверојатно искуство, кога во Венеција сите се под маски.

„Прекрасни маски на карневалот во Венеција“, напиша Андријана и преку фотографии и видеа ја пренесува моменталната слика од овој град.

Изработката на маските на Венецискиот карневал отсекогаш биле важна одлика на традицијата, тие може да бидат изработени од кожа или порцелан, но и со користење на оригинална техника на стакло. Во денешно време маските кои се носат на Венецискиот карневал повеќето се направени со примена на златни листови и се рачно насликани со помош на природни пердуви и скапоцени камења како декорација.

Венецискиот карневал според легендата започнал во 1162 година, кога народот почнал да се радува, да игра и да се собира на плоштадот Свети Марко, поради воената победа на Венецијанската Република над патријархот од Аквилеја, Улрико ди Тревен. 

Карневалот својата најголема популарност ја доживува во 18 век, а подоцна бил забранет. Карневалот повторно се појавувал постепено во 19 век, но само за кратки периоди и пред сè за приватни гозби. По долго отсуство, карневалот се вратил во 1979 година. Италијанската влада одлучила да ги врати историјата и културата на Венеција и се обидела да го искористи традиционалниот карневал како центар на нејзините напори.

Оттогаш, приближно 3 милиони посетители секоја година доаѓаат во Венеција за карневалот. Еден од најважните настани е натпреварот за la maschera più bella („најубавата маска“), која се оценува од меѓународни модни дизајнери.

Фото: Инстаграм
РЖМ