ВРЕДНИТЕ РАЦЕ ПРАВАТ ЧУДА: Кумановка објаснува како ги шара велигденските јајца со восок

Добивај вести на Viber

Домаќинките се навистина креативни во украсувањето на јајцата за Велигден. Една од нив е и Слаѓана Трајковска од Куманово, која веќе 30 години ги шара велигденските јајца со восок. Вели дека оваа техника ја научила од својата свекрва.  Како што oбјаснува, за изработка на некои шари се потребни 15 минути, но за други посложени е потребно повеќе време. Цветови, крстови се само дел од симболите кои се нашле на јајцата кои ги изработува Трајковска. Освен старите шари, таа користи идеи и од интернет. Трајковска објаснува дека јајца за празникот се собираат од Прочка, а кон средината на постот, почнува со декорирањето. Вели дека користи бојаџиска боја донесена од јужна Србија и смета дека таа е најдобра. За празникот, има и нарачки од жени кои сакаат за Велигден да имаат јајца шарани со восок.

Повеќе прочитајте на ФАКТОР.