За нив нема невозможни цели: Алпите паднаа пред македонски титани - историски подвиг на нашите херои

Добивај вести на Viber

Изминатата недела во живописната долина Аоста, во срцето на Алпите, се одржа една од најтешките ултра-треил трки во светот – Tor des Geants („Тура на Џиновите“). 

Оваа година за првпат имавме македонски претставници, и тоа тројца храбри членови на клубот Трекс Скопје, кои успеаја да го постигнат невозможното – сите тројца стигнаа до целта.

Со неверојатна физичка и ментална издржливост, Катерина Шиповиќ, Радмила Јованова и Жикица Ивановски ги совладаа 335-те километри на екстремно тешка планинска траса со вкупно искачување и спуштање од 27.000 метри.

Резултатите на македонските титани

  • Жикица Ивановски – 126. место со време од 108:59:40
  • Катерина Шиповиќ – 397. место со време од 129:42:30
  • Радмила Јованова – 539. место со време од 141:10:43

На трката стартуваа над 1100 учесници, а временскиот лимит беше 150 часа. Македонската тројка успеа да се вгради во историјата со 100% успешност на дебито.

Победниците на годината

Во машка конкуренција првото место го освои Ричард Виктор од Франција со неверојатно време од 66:08:22, а кај жените триумфираше Ноор Ван дер Веен од Холандија со време од 79:34:30.

Национален подвиг

Првото македонско учество на „Турата на Џиновите“ останува запишано како национален спортски подвиг, кој не е само статистика, туку и инспирација. Шиповиќ, Јованова и Ивановски покажаа дека со дисциплина, истрајност и љубов кон спортот, македонскиот дух може да чекори рамо до рамо со најдобрите светски ултрамаратонци.


NLB Банка објави видео од моментот кога македонската атлетичарка Радмила Јованова ја минува целната линија на екстремната ултра-треил трка „Tor des Geants“ во Алпите. Со ова, банката ја изрази својата гордост и честитки за нејзиниот неверојатен успех, потенцирајќи ја посветеноста, истрајноста и силата на македонските спортисти кои инспирираат цела нација.