За полесен и поубав сон: Том Харди чита приспивна приказна

Во време на карантин, кога сме сите во изолација, (не)успевајќи да бидеме продуктивни и соочувајќи се со разни предизвици, и често, тешко ни доаѓа сон, еден од најдобрите британски и светски актери на денешницата реши да ни ја прави ноќта поубава и полесно да заспиеме.
Том Харди чита приспивни приказни и иако неговото раскажување првенствено е насочено кон деца и бебиња, тоа го гледаат и возрасните, претежно женска популација.
Ние сме навикнати да го гледаме во улогите на психопати и социопат - Чарли Бронсон, Бејн во Бетмен. Но, не овој пат. Сега тој е само актер кој чита приказни за спиење.
Каналот на БиБиСи / CBeebies го емитува Том секој ден во текот на неделата во 18:50 часот, како и на iPlayer на BBC. Бидејќи ние немаме пристап до овие канали, останува да ги гледаме објавените видеа и да ги чекаме останатите.
Уживајте:
извор: Noizz