ЗА ВЕЛИГДЕН ВО КАРАНТИН: Се предлага да нема движење од петок до вторник

Добивај вести на Viber

За Велигден најверојатно ќе бидеме во карантин.

Од петок попладне до вторник наутро, за време на Велигденските празници да трае полицискиот час, е една од мерките која ќе се разговара на владина седница, а потоа ќе се размислува дали мерките ќе важат за следните викенди.

Ова го најави министерот за здравство Венко Филипче на отворена дискусија во Владата заедно со заменик-министерот Арменд Арслани и епидемиолозите од Институтот за јавно здравје д-р Жарко Караџовски и д-р Владимир Микиќ.

Филипче повтори дека нема да биде ист начинот на живот, по намалувањето на рестрикциите.

Мерките ќе се намалуваат постепено.