Животна училница // Приказни
Заев го посети и испрати Иван на кого му беше трансплантирано срце: Венко Филипче горд
- 11 Јули, 2020 12:36

Денеска пациентот Иван на кого му беше трансплантирано срце заминува од Клиниката за Државна кардиохирургија на домашно лекување.
Министерот за здравство, Венко Филипче објави статус на Фејсбук, не криејќи ја радоста:
„Горд сум што испишавме историја во јавното здравство, во кардиохирургијата. Горд сум на моите колеги кои покажаа највисока стручност во својата хумана професија. Но, пред сѐ најдлабока почит за семејството на Емилија Динева за алтруизмот што го покажаа на дело. Покажавме дека знаеме и можеме. Продолжуваме максимално да се грижиме и понатаму за Иван и сите наши пациенти„- се вели во постот на министерот.