Замина во вечноста на роденденот од синот: Медицинска сестра почина од рак - лекувањето било одложено поради ковид-19

Добивај вести на Viber

Мајка на две деца, Ана Фернандез, починала во сон на 44-годишна возраст, откако се борела со рак на дебелото црево

Оваа медицинска сестра била во ремисија скоро пет години, а нејзиниот рак бил откриен за прв пат на нејзини 38-години.

На почетокот на оваа година, нејзиниот карцином се вратил и таа ја загубила битката на 19 септември, на роденденот на нејзиниот син. Пријател на покојната медицинска сестра тврди дека Ана ја изгубила битката поради доцнење во лекувањето, поради пандемијата на коронавирус.

- Вооружена со силна верба во Бога и опкружена со семејство и пријатели, таа се бореше и беше во ремисија скоро пет години. За жал, ракот се врати на почетокот на оваа година. Бидејќи светот се бореше со Ковид-19, одложувањата во нејзиниот третман имале фатални последици. Почина мирно дома во присуство на семејство и многу блиски пријатели - изјави една од најдобрите пријатели на Ана.

Г-ѓа Наварете рече дека Ана се лекувала во болницата каде што работела од 2002 година, пред да се пресели во Солихул и дека биопсиите што требало да бидат прегледани во Америка, никогаш не пристигнале. Таа истакна дека Ана била вредна и темелна и дека поради нејзината благородност била колешка на која сите можеле да се потпрат. Никогаш не ѝ било досадно.

Ана зад себе ги остави сопругот и двете мали деца. 


Фото: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира:

Ѝ остануваат уште неколку дена живот: 23-годишна девојка се венча со љубовта на својот живот