Запознајте го злото во тело на жена: Тие се најсуровите жени на сите времиња

Овие жени биле толку монструозни што ќе ви биде тешко да верувате дека една жена е способно така да размислува, а камоли да направи такво нешто!
1. Кралицата Мери I Тјудор (1516 - 1558)
Мери Тјудор била единствено дете на кралот Хенри VIII и неговата прва жена Катарина Арагонска, а кога станала кралица на 1 октомври 1553 година, се стремела кон тоа да го одржи католицизмот во Англија. Позната е и под прекарот Крвавата Мери, бидејќи таа е одговорна за егзекуцијата на околу триста протестантски дисиденти.
2. Мајра Хиндли (1942 - 2002)
Мајра Хиндли и нејзиниот љубовник Иан Бреди, се познати по тоа што во средината на 60 - тите години од минатиот век, киднапирале, сексуално злоупотребувале, мачеле и на крајот убиле три деца помлади од 12 години и два тинејџери. Тие биле осудени на три доживотни затворски казни, а за Мајра се напишани многу книги и филмови и таа е прогласена за најсурова жена во Велика Британија.
3. Беверли Алит (1968 - се уште е жива)
Беверли Алит, медицинска сестра од Грантам, во 1991 година за 59 дена убила четири деца кои биле под нејзин надзор, користејќи различни средства. Исто така се обидела да убие уште шест дечиња, а сериозно повредила уште три. Наречена е ангел на смртта и е осудена на доживотен затвор.
4. Бел Ганес (1859 - 1908)
Норвежанката Бел Ганес со своите метар и осудемдесет и три центиметри висина и над 90 килограми бела неверојатно силна жена која од алчност убила голем број од своите додворувачи и момчиња, па дури и своите деца. Се претпоставува дека во различен временски период убила помеѓу 20 и 40 луѓе.
5. Мери Ен Котон (1832 - 1873)
Англичанката Мери Ен Котон со арсен усмртила 21 личност, меѓу кои биле и нејзините деца, мажи, мајка, пријател и љубовник. Казната за злосторствата кои ги направила било бесење.
6. Илсе Кох (1906 - 1967)
Илсе Кох, сопругата на Карло Ото Кох, командантот на концентрациониот логор Бухенвалд, остана запаметена по тоа што со карактеристичните тетоважи од кожата на убиените затвореници ги зимала како сувенири. По завршувањето на Втората светска војна осудена е доживотна робија. Се обесила во женскиот германски затвор Ајхах на 1 септември 1967 година.
7. Ирма Грезе (1923 - 1945)
Ирма Грезе била една од жените вработени во нацистичките концентрациони логори Равензбри и Аушвиц, а за нејзината суровост подоцна до детали прераскажувале преживеаните. По завршувањето на војната, осудена е за злосторство против човештвото. Егзекутирана е во 1945 година.
8. Кетрин Најт (1955 - се уште е жива)
Кетрин Најт е првата Австралијка која е осудена на доживотен затвор за нејзините грозоморни злосторства, без можност за помилување. Имено, таа брутално го убила својот партнер Џон Прајс, потоа неговите делови од телото им ги сервирала на децата за вечера.
9. Розмари Вест (1953 - се уште е жива)
Розмари Вест го потресе светот со фактот дека заедно со својот сопруг Фред извршиле 10 убиства, вклучувајќи го и убиството на нивната ќерка Хедер. Фред се самоубил пред почетокот на судењето, а Розмари се уште ја отслужува доживотната затворска казна.
10. Ержебет Батори (1560 - 1614)
Унгарската грофица Ежебет Батори е една од најпознатите сериски убијци во историјата на човештвото. Се проценува дека заедно со уште неколку соучесници мачела, а потоа убила помеѓу 300 и 2.000 девојки. нејзините злосторства се откриени во 1610 година, по што е заѕидана во својот дворец во кој е пронајдена мртва четири години подоцна.
Извор: stil.kurir.rs