Заштитна маска проектирана на бразилската статуа „Христос Искупител“

Добивај вести на Viber

Масивната статуа на „Христос Искупител“  која речиси 90 години го краси Рио де Жанеиро, доби нов изглед овој викенд.

На статуата беше проектирана маска за лице за промовирање на грижа за себе и другите, среде пандемијата на коронавирус, и како почит кон здравствените работници.

Текстот #MascaraSalva, кој во превод значи маските спасуваат, беше прикажан на торзото на статуата.

фото:laprensalatina

Статуата беше затворена за јавноста кон средината на март. 

Ова е трет пат да се користи специјално осветлување на споменикот, во врска со пандемијата на коронавирус.

Во март, статуата беше осветлена со знамињата на земјите погодени од пандемијата.


извор: CNN