Знам дека не сум преубав, но сѐ уште ме посакуваат: Милан Калиниќ си го честиташе 49-от роденден со хит снимка
Милан Калиниќ, актер и водител, наполни 49 години, па објави урнебесно видео на социјалните мрежи.
Калиниќ си го честиташе роденденот и истакна дека сфатил кои се неговите вистински пријатели, па отпеа популарна песна.
- Знаете што, сфаќате едно, кои се вашите пријатели, колку имате, дали ги имате, колку луѓе мислат на вас, кога вашиот роденден го честотаат воглавно апликации, банки, продавници, трговски центри, мобилна телефонија - рече Милан.
- Воглавно, едно сакам да кажам: „Знам дека не сум убав, но сепак ме поскауваат , јас имам 49 години, но тие сепак ме сакаат, јас пијам само пиво во клубот, но тие сепак ме сакаат , тие уште ме сакаат, тие сѐ уште ме сакаат “. Ајде, здравје! - Милан рапуваше и насмеа многумина.
Во коментарите следеа честитки и добри желби по повод роденденот на актерот.