Зошто Макрон доби шамар од Брижит? Еден детаљ го заболе повеќе од ударот - ВИДЕО

Добивај вести на Viber

На аеродромот во Ханој се случи нешто што за неколку часа ги преплави мрежите и започна бран коментари, теории и мемиња. Моментот кога Брижит Макрон, сопруга на францускиот претседател Емануел Макрон, наводно му удира шлаканица на својот сопруг при излегувањето од претседателскиот авион во Виетнам.

На видеото кое стана вирално, може да се види како Емануел Макрон излегува од авионот, а потоа на екранот се појавува раката на неговата сопруга, која го допира неговото лице во гест што многумина го опишуваат како „шамар“. Неговата реакција, изненадениот израз на лицето и благ грч назад, дополнително ги подгреа сомнежите. Она што дополнително им „падна во око“ на многумина е тоа што Брижит Макрон во таа прилика одбива да ја прифати раката на нејзиниот сопруг додека се симнуваат по скалите, иако тој и ја понудил, а таа само ладно поминува покрај него.

Првата реакција на Елисејската палата

Откако видеото експлодираше на социјалните мрежи, Елисејската палата реагираше речиси инстантно. Првичната изјава беше дека видеото е потенцијално генерирано од вештачка интелигенција и се шири од проруски сметки кои сакаат да го поткопаат имиџот на францускиот претседател, познат по неговата отворена поддршка за Украина.

Сепак, само неколку часа подоцна дојде до пресврт - се потврди дека видеото е автентично, но дека не покажува никаков конфликт, туку „момент на интимност и мајтап меѓу сопружниците пред долг и напорен ден“.

Додека француските медиуми како „Монд“ и „Либерасион“ задржаа резервиран тон, наведувајќи дека тоа е приватен момент на двајцата сопружници, британските таблоиди како „Дејли мејл“ и „Сан“ не ја пропуштија можноста да наречат сè: „јавна шлаканица“ и „брачна грешка на деценијата“.

Мрежни теории

Како што е обично случајот, интернетот немаше милост – корисниците се натпреваруваа во генијалност во коментарите.

„Таа сè уште му е учителка - шлаканица за да го врати во редот.“, „Тоа не е жена, тоа е командант. Тој само ги следи наредбите.“, „Толку од претседателот, што не може ни да се ракува со жена“.

Интересно е што симболиката на отфрлањето на раката за многумина била посилна од самиот шамар. Во него видоа далечина, незадоволство или едноставно доминација на силна жена.


Која е Брижит Макрон?

Брижит Макрон (71), родена како Trogneux, потекнува од угледно семејство од Амиен, познато по производството на чоколадо. Таа беше професорка по француски и драма, а многумина се уште ја паметат по нејзината харизма, остриот јазик и посветеноста на учениците.

Кога го запознала Емануел Макрон, била мажена и мајка на три деца, додека тој бил нејзин ученик, 24 години помлад од неа. Сепак, меѓу нив се родила силна емотивна врска. Неговите зборови, кои често се цитираат, станаа симбол на нивната врска: „Каде и да одиш, јас ќе те следам“.

Таа остави се, се разведе, а кога Емануел стана полнолетен ја продолжија врската која во 2007 година ја крунисаа со брак.

Брижит денес е многу повеќе од прва дама на Франција, таа е советник на Емануел, најблизок соработник и поддршка. Иако се повлече од училницата, таа никогаш не ја напушти улогата на водич, туку сега го води претседателот.


Fotoprintscreen: MI NT / youtube