Брендот се стремеше да креира кампања во која се вклучени социјалните мрежи и ги вклучи нивните корисници во донесувањето на одлуките во однос на облеките кои ги носат моделите. Оваа иницијатива има една цел – да креира заеднички простор со своите клиенти, потенцирајќи го единството помеѓу луѓето кои ги споделуваат истите страсти за модата, трендовите и она што брендот го нуди. Клучен елемент во овој проект е хаштагот #MangoGirls, каде што корисниците низ целиот светот можат да ја претстават својата интерпретација на MANGO колекциите.
Во женската колекција се потенцирани деликатни и лесни парчиња со транспарентни детали кои се комбинираат со парчиња во поширок крој. На материјалите преовладуваат набори, принтови, релјефни шари и текстури кои во комбинација со палетата на неутрални бои даваат природен и органски изглед.
https://www.youtube.com/watch?v=7XlLyUUqFmQ&feature=youtu.be