Три жени минатата година го обвинија американскиот претседател за непримерно сексуалнооднесување. Тие бараат од Конгресот да отвори истрага, бидејќи две од нив веќе навеле дека се жртва на секссуална агресија.
Белата куќа првично ги отфрли сведочењата на трите жени, тврдејќи дека сеапсурдни, лажни и со политичка заднина. Портпаролката Сара Сандерс изјави дека обвинувањата се отфрлени уште претходно.
Американските медиуми јавуваат дека повеќе од 50 жени од конгресот, бараат да се испитаат тврдењата за непримерното однесување на американскиот претседател.