Настани,
Настани
Насмевки, танцување и многу прегратки на новогодишниот магичен концерт во Веро центар
Околу два часа низ преполниот Веро центар одекнуваше пријатна музика која дополнително го подигна празничното расположение. Популарните “We wish you a Marry Christmas”, “Jingle bells”, “Feliz navidad”, “Last Christmas” беа мал дел од композициите кои беа на репертоарот. Музичарите и нивните прекрасни изведби измамија насмевки кај присутните, а многумина и танцуваа за време на концеротот. Новогодишната музичка магија беше подарок од менаџментот на компанијата „Веропулос“ за лојалните потрошувачи со цел да се заокружи празничниот амбиент во Веро центар во кој посетителите уживаа цел месец.
Организирањето различни настани за целото семејство во Веро Центар во празничниот период изминативе години прерасна во традиција со која менаџментот на компанијата „Веропулос“ им овозможува на посетителите покрај квалитетното шопинг искуство, да поминат и забавно време со најблиските.
https://www.facebook.com/Faktor.mk/videos/1182719355197256/
На линкот подолу погледнете ја атмосферата на магичниот новогодишниот концерт во Веро центар.