Настани,
Настани
Промоција на новиот парфем MAJAINA Sin од компанијата The Different Company во Anabella
Luc Gabriel CEO и сопственик на компанијата The Different Company ги запозна присутните со историјата на брендот и при својата презентација направи вовед во процесот на изработка на парфемите.
Тој посочи дека името на оваа компанија не е случајно. The Different Company - Целосно внимание посветува на изборот на суовините, квалитетот на парфемот и финалниот производ вклучувајќи ја изработката, дизајнот на шишето и пакувањето до најмал детал.
Изјави дека разликата е во самите парфеми, во изборот на состојките, развојот на мирисот и чувството кое го предизвикува секој мирис. Елеганцијата во потписот, односно елеганцијата во мирисот е она кон тоа што оваа компанија цели.
Секој парфем од овој бренд буди различни чувства, бидејќи пред се, најважно е чувството, а потоа изгледот.
Моќта на парфемите од The Different Company е во чувството на елеганција кои тие го предизвикуваат.
Поканети на настанот беа неколку медиуми на кои им беа презентирани парфеми од оваа компанија и ја имаа можноста и лично да разговараат со сопственикот на компанијата Luc Gabriel.
Посебно внимание беше посветено на новиот парфем MAJAINA Sin – дело на креаторката EMILIE COPPERMANN, инспириран од нејзината посета во Мадагаскар.