Дејвид Боуви почина на 10 јануари 2016 година од рак на црниот дроб, два дена по 69-от роденден. Почина во својот дом, опкружен со најблиските. Неговиот син, режисерот Данкан Џонс (46), прв ја потврди тажната вест. Шест месеци по смртта на Дејвид , Данкан го доби својот прв син, Стентон Дејвид Џонс.
Иако се 8-ми и 10-ти јануари, како вели „чудни денови“, Данкан се чувствува добро.
-Мојот татко преживеа десет животи во еден. Многу нешта ме научи, а моментално ми е најважен неговиот совет: „Немој да се грижиш за ништо. Никогаш. Научи нешто од тоа, повторно дигни се и почни да работиш нешто ново и храбро“, се потсети Џонс, најпознат по режијата на филмовите 'Moon' и 'Warcraft'.