10 успешни години, милион среќни деца, но и вработени: Киносенс 7Д е приказна за пример

Добивај вести на Viber

На 12- декември Киносенс 7Д прослави 10 години од своето постоење

Препознатливата игротека, која се наоѓа на добро позната локација - Веро Џамбо (2 кат) веќе 10 години овозможува вистинска забава за најмладите, но и за возрасните.

Големата роденденска забава помина супер со загарантирана забава за најмалите кои уживаа во триковите на магионичарот, дружбата со Маша и Медо, како и бесплатните кино - проекции. 


Имено Киносенс 7Д важи за една од најголемите игротеки во Скопје, која покрај игротеката за најмалите, има флипери, 7д кино и пицерија која нуди целосен кетеринг за храна.

Познати се по задоволните клиенти, кои се воодушевени од организацијата на најубавите и најзабавни детски родендени, за која се пак заслужни 35-те вработени.

Вработените кои секогаш ќе ве пречекаат и услужат со насмевка на лицето, велат дека нивното задоволство се должи на менаџерскиот тим кој е секогаш тука за мотивација и соработка.

„Ви благодариме на сите кои бевте дел од нашата роденденска забава по повод 10 години постоење на Киносенс 7Д. 
Продолжуваме заедно да создаваме уште многу незаборавни спомени исполнети со радост, среќа и многу детски насмевки.“ - порача тимот на Киносенс 7Д.

Одговорноста да се работи со деца е огромна, а самото тоа да се биде секогаш интересен за најмалите е вистински предизвик кој Киносенс 7Д одлично го исполнува.

Браво, посакуваме уште многуу многу родендени!