301 лице излекувано од Ковид-19: Регистрирани се нови 41 пациенти со коронавирус

Во изминатото деноноќие се регистрирани нови 41 случаи со коронавирус, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче преку својот профил на фејсбук.
Исто така, според првиот човек на здравството од почетокот на пандемијава во земјава до денес се излекувани 301 лице од Ковид-19.
„
Денеска се регистрирани 29 излекувани пациенти. Од нив 4 пациенти од болничко лекување и 25 кои се лекуваа во домашни услови.
Во изминатите 24 часа потврден е 41 нов случај на Ковид-19. По градови:
- Скопје -17
- Куманово -11
- Прилеп– 5
- Тетово – 3
- Кавадарци – 1
- Гостивар -1
- Крива Паланка -1
- Кичево -1
- Неготино -1.
Лицето евидентирано во подрачна единица Неготино е жител на Демир
Капија. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19
во нашата земја изнесува 1.300 лица.
Во изминатото деноноќие направени се 649 теста. Досега во земјата се направени вкупно 13649 тестирања на Ковид -19“, напиша министерот.