50.000 луѓе на стадион: Најголемиот рок концерт од почетокот на пандемијата (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Foto:BETAPHOTO/AP Photo/David Rowland

Повеќе од 50.000 луѓе присуствуваа на рок концерт во Окланд, Нов Зеланд, каде што граѓаните беа изземени од правилата за физичко дистанцирање, откако државата го победи вирусот ковид-19 со строги ограничувања.

Бендот Six60 свирише пред голема публика низ целата земја, а синоќешниот концерт беше финалето на турнејата и се одржа на најголемиот стадион во Окланд и се смета за најголем во светот од почетокот на пандемијата.

На концертот беа почестени војниците-музичари, а изведувачите на народот Маори беа поканети да се придружат на бендот на сцената, објави „Њујорк пост“.

Само 26 лица починаа како резултат на ковид-19 во Нов Зеланд, кој има околу пет милиони жители.