7 пролетни трендови кои ќе ве претворат во вистинскa модна инфлуенсерка - ФОТО

Без никакво претерување – овие модни потези ќе направат да изгледате како да работите за Vogue!
Пролетта е сезона кога не само што се буди природата, туку и нашата желба за свежина, промена и истакнување на стилот. Деновите се подолги, сонцето не гали до попладневните часови, а ние спонтано сакаме да ги замениме тешките капути и темните џемпери со нешто посветло, полесно и поинспиративно. Оваа сезона, модната сцена не поканува да блеснеме - без напор, но со софистицирана прецизност.
Уличниот стил е веќе преплавен со детали кои шепотат: „Знам што правам“. Стилот повеќе не се мери со екстраваганција, туку елеганција во едноставност. Неколку внимателни парчиња, избрани со вкус и примеси на лична харизма, се доволни за да и дадат нов сјај на вашата гардероба.
И најдобриот дел? Не мора да бидете моден уредник или инфлуенсер за да оставите впечаток на жена која владее со врвен стил. Доволно е да прифатите неколку внимателно одбрани пролетни трендови кои комбинираат удобност и елеганција, модерност и автентичност.
За кои тренди парчиња зборуваме погледнете во фотогалеријата.
Buttery yellow - новото нежно неутралноВраќање на чевли со карактер: Boat shoes и балетанки
Барн јакна - рустикален класик за градските улици
Антилоп и пролет - нежната страна на луксузот
Пруги повторно во центарот на вниманието
Спортска облека со примеси на гламур