Адриана Лима објави фотка од тримесечниот син во дресот на Бразил: Малиот позира во прегратките на тато Андре

Добивај вести на Viber

Манекенката Адријана Лима на Инстаграм објави фотографија од својот син Сајен, кој го роди во септември оваа година.

Момчето позираше во прегратките на нејзиниот партнер Андре Лемерс.

„Сине мој, мама ја гледа твојата насмевка и радост бидејќи гледаше фудбал со тато. Наскоро ќе ви се придружам. Ве сакам, овие спомени ќе останат засекогаш во нашите срца“, напишала Лима со објавената фотографија.



Сајен го носеше дресот на Бразил додека неговата мајка ја поддржуваше нејзината земја во Катар. Со Лима во Катар се дружеа и Вања Модриќ и Изабел Ковачиќ.

Инаку, Адријана има две ќерки од поранешниот брак, 12-годишната Валентина и 9-годишната Сиена, кои ги доби со српскиот кошаркар Марко Јариќ, од кој се разведе во 2016 година по седум години брак.


ФОТО: Инстаграм