Животна училница // Приказни
Ајде сега кажи си „ДА“: Бомбакис во негов стил ја запроси девојката на плажа во Грција
- 09 Септември, 2022 12:50

Го знаеме како момчето со картони на кои праќа разни пораки од секојдневието во државата, а овој пат Бомбакис сподели дека скокнал во тавче, односно ја запросил девојката.
На социјалните мрежи Кристијан Станковски сподели видео како клекнува на колена пред неговата сакана, која во тој миг била на одмор во соседна Грција со нејзиниот брат.
Бомбакис, ја изненадил девојката кога пред неа излегол со картон во раце на кој пишува „Ајде сега кажи си Да“.
Уникатен и единствен, им посакуваме многу среќа во брачните води.
Фото/Видео: Инстаграм