Ако ОВА го прави твојот маж, ВРЕМЕ Е ДА СЕ ПОСОМНЕВАШ ДЕКА ТЕ ИЗНЕВЕРУВА!

Добивај вести на Viber

Првиот аларм дека нешто не е во ред со емотивните односи, е комуникацијата. Доколку вашата комуникација почнува да се менува драстично и таа промена трае подолго време, можеби треба да размислите за тоа дека постои надворешен фактор за таквата промена. Доколку вашиот маж бил искрен и отворен во комуникацијата, но наеднаш почнува да се повлекува, дистанцира и го избегнува вашиот поглед или иницијатива за разговор тоа е сигурен знак дека се справува со нешто ново. 

Сепак пред да помислите на најлошото, важно е да утврдите откога точно почнува да се појавува промената. Доколку е краткотрајна може да се припише на моментални проблеми на работа со кои се соочува или нови предизвици, но доколку таа промена е константна и немате објаснување зошто се случува, тоа треба да ви ги подгрее сомнежите. 

Покрај промени во комуникација кои треба да ви бидат почетен сомнеж, разгледајте ги и другите знаци покрај патот. Промена во навиките, чесните доцнења, или материјален траг, може да ви ја решат дилемата. Сепак не обвинувајте некого без докази и стрпливо потрудете се да најдете излез од ситуацијата. 

Што да направиш доколку се посомневаш дека сопругот те изневерува:

Разговор: Обиди се да разговараш отворено, без обвинување. Понекогаш комуникацијата открива повеќе од шпионирањето.

Следи го твојот инстинкт: Ако нешто не ти изгледа како порано и чувствуваш дека нешто не е во ред, веројатно има основа.

Чувај доказ, ако е потребно: Ако се сомневаш во нешто посериозно, не реагирај веднаш — забележувај обрасци, не импулсивни моменти.

Побарај поддршка: Разговор со блиска личност или психолог може да помогне да се средат мислите и чувствата.