Американка на литературен македонски јазик ја претстави својата листа на омилени ПЕТ јадења од Македонија: Еве кои се

Американката Скарелт која живее во Македонија, на социјалната мрежа Тик Ток објави видео со кое покажа колку ја сака македонската храна.
Во видеото за забавен начин Скрлет на литературен македонски јазик објаснува колку е „вљубена“ во македонската кујна и во неколку наврати истакнува дека специјалитетите кои ги јаде во Македонија се уникатна комбинација која не се наоѓа никаде поинаку во светот.
На врвот на листата од нејзините омилени јадења се наоѓа „шопската салата“ за која Скарлет вели дека е совршен спој на сирење и зеленчук каков што не пробала никаде во светот, а на листата на нејзини омилени јадења се специјалитети кои не можат да се најдат на друго место, освен во Македонија.
Листата на нејзини пет омилени јадења е пополнета со специјалитети кои може да се најдат на мениата во рестораните низ Македонија и се подготвуваат низ кујните кај нас, а се првата понуда за сите кои од туристички побуди доаѓаат да ја посетат Македонија. Кујната е една од најнабројуваните ставки поради кои туристите се воодушевуваат од Македонија.