Андријана Јаневска ја запеа „Заветна“ на апсолвентска вечер: Студентите ечеа во еден глас

Добивај вести на Viber

Апсолвентската вечер на Факултетот за музичка уметност ја обележа неформалната дружба помеѓу апсолвентите и професорите. Убавиот момент беше крунисан со изведба на македонската традиционална песна „Заветна“. 

На својот фејсбук профил деканката на Факултетот за музичка уметност, Дарија Андовска сподели видео на кое е забележан дел од прославата на апсолвентската вечер. Се чини дека највпечатливиот момент за сите е изведувањето на песната „Заветна“. 


Андријана Јаневска го фати микрофонот и ја изведе познатата песна, а нејзините студенти ја поддржаа во изведбата. 

Песната „Заветна“ ечеше низ целиот објект, а студентите и професорите во еден глас ги пееа стиховите на песната. Од оваа глетка многумина се воодушевија, па позитивните коментари се редеа во низа. 

Со ваква младина, Македонија се гордее, стоеше во еден од коментарите. А судејќи по амбинетот, со своите студенти и апсолвенти особено се гордеат професорките на Факултетот за музичка уметност.