„Антологија на една љубов“, стихозбирка на Ана Климан

Добивај вести на Viber

Претстојот во Пула, Хрватска, во текот а 2018 и в 2019 година ја инспирираше Ана Климан да ја напише стихозбирката „Антологија на една љубов“ или како што самата и ја нарекува „Цветна збирка на една љубов“.

Книгата има 22 поеми кои се и воедно препеани на хрватски јазик, “вториот”мајчин јазик на Ана Климан.

„Пловејќи низ животните мориња, играјќи ги животните улоги кои ги одбираме, нѐ пресретнуваат предизвици. Со нив танцувајќи, будни и со отворено срце, ја откриваме есенцијата, како и љубовта кон себеси, љубовта кон суштината. Како што нè учат, цветот на животот и светата геометрија, ја откриваме во нас бесконечноста, бескрајот. Во оваа збирка на цвеќиња, цветот го распознава како силен симбол на духовна егзистенција, додека бескрајот се користи и како метафора за село Соње (Скопско)”. Во мотивацијата,  најблагородно, најљубовно и најнежно е свртувањето кон себеси, кон суштината. Дури по ослободувањето од сите наметнати уверувања и идеали им служиме на саканите, да идат. Инспирацијата за оваа Цветна збирка ја носи исклучиво радоста на нурнување во себеси, наоѓање одново на детето и радоста на споделувањето.“, вели авторката за својата збирка.

„Антологија на една љубов“ е во издание е на издавачката куќа „Зојдер“, издадена е во март 2020 година. Поемите се пишувани во тек на 2018 и 2019 година. Препевот на хрватски јазик е на авторката, изработен за време на нејзиниот престој во Пула, Хрватска 2019 година. Промоцијата, вели таа ќе се одржи по мерките за превенција од вирусот Ковид-19 кои се во тек.