Атиџе на заболекар: Медената уште повеќе се разубавува

Добивај вести на Viber

Атиџе Муратова стана вистинска ѕвезда во Македонија. Со појавувањето во филмот „Медена земја“ ги освои симпатиите на сите. По филмот, целиот живот ѝ се промени, од нова куќа, нова фризура, нова облека... Најмногу заслужна за ова е пејачката и водителка Сузана Турунџиева која ѝ помага на секој чекор, а тие две неодамна снимија и заедничка песна. 

Мора да се забележи дека Атиџе е променета на позитивно. Таа секако го заслужува тоа. 

Сузе на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која се гледа дека Атиџе е на заболекар и напиша: Не постојат случајни насмевки... Постојат само насмевки за кои се заслужни добрите стоматолози...