Беа неверојатни медицински сестри: Близначките Ема и Кејти починаа заедно од Ковид-19

Две сестри близначки починаа една по друга во рок од три дена, откако беа тестирани позитивни на коронавирус.
Медицинска сестра од детскиот оддел, Кети Дејвис (37) почина во вторникот во Општата болница во Саутемптон, а нејзината идентична близначка Ема, која е поранешна медицинска сестра, почина во истата болница рано во петокот.
Нивната сестра, Зои, изјави: „Тие секогаш велеа дека дошле заедно на овој свет и дека ќе си заминат заедно.“
Таа раскажа дека нејзините сестри биле неверојатни девојки и живееле заедно, а имале и други здравствени состојби и некое време не биле добро.
- Нема зборови кои можат да опишат колку беа посебни. Сè што некогаш сакале да направат е да им помагаат на другите луѓе. Уште од малечки... тие ќе се преправаа дека се лекари и медицински сестри кои се грижат за своите кукли. Сега тие дадоа сè од себе за сите нивни пациенти. Тие беа исклучителни - додава таа.
Тие од колегите се опишани како посветени и несебични медицински сестри, кои имале време и трпение да обезбедат грижа за секој еден пациент.
Болницата и целиот медицински персонал испрати искрено сочувство до семејството на близначките.
Вкупно 50 британски медицински сестри починале за време на пандемијата, според списокот составен од медицински сестри.