Бесплатни инвитро процедури и финанскиска стимулација за прво и второ дете – Македонија во борба против падот на наталитетот

Добивај вести на Viber

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска, алармираше дека Македонија веќе повеќе од една деценија се соочува со сериозна фертилитетна рецесија, предупредувајќи дека земјата губи население со темпо што бара итна реакција од државата и општеството.

Бројот на новородени деца драстично опаѓа. Само во последните четири години, Македонија изгуби еден цел град со големина на Кавадарци“, истакна Стаменкоска-Трајкоска, повикувајќи на промена на начинот на размислување и конкретни политики за поддршка на семејствата.

Според неа, демографските податоци се загрижувачки:

  • Во 2016 година биле родени 23.000 деца, а во 2024 бројката паднала на 16.737 – намалување од над 9.000 новородени за само осум години.

  • Истата година, починале 20.187 лица, што е за 3.500 повеќе од бројот на новородени.

  • Стапката на фертилитет, која во 1950 година изнесувала 5.7, денес е 1.5 – четири пати пониска. За природен прираст, минималната потребна стапка е 2.1.

Предлог-мерки: бесплатни инвитро процедури, даночни олеснувања и стимулации

Како дел од предвидените владини мерки, Стаменкоска-Трајкоска најави:

  • Шест бесплатни инвитро процедури,

  • Финансиска стимулација за прво и второ дете,

  • Даночни олеснувања за мајките.

Мајката ќе биде ослободена од персонален данок на доход една година по раѓање на првото дете, две години за второ, а за трето и повеќе – секоја година додека првото дете не наполни 18 години“, објасни таа.

Пратеничката подвлече дека државата мора да го стави наталитетот како врвен приоритет и ги повика сите институции и политички чинители да отворат јавна дебата и поддржат долгорочни решенија.

Фото: Freepik.com