Бев грижлива мајка и сопруга 33 години: Еве како сето тоа ми се врати

Живее сама, има
добар однос со децата и тоа е доволно за неа
Како може човек да биде сам во брак? Осамен, а
опкружен со луѓе? Како 33 годишен брак се сведува на спогодбен развод? Ви го
пренесуваме искуството на жена која штотуку го доживеала ...
„Јас секогаш бев добра, грижлива мајка, нежна, без
пороци и лоши навики. Моите деца отсекогаш ми верувале. Имам три деца: два сина
и ќерка. Го родив третото дете на 37-годишна возраст, со голема разлика во
споредба со постарите деца.
Работев цел живот, но некако многу малку време
трошев за себе - повеќе за децата, за домот, за удобноста. Не одев никаде, а
сакав... Пред бракот, секогаш одев на одмор некаде.
Мојот сопруг, според сите стандарди, не беше лош:
не пиеше, не пушеше, сè беше навидум и генерално добро. Но ... Кога наполнив 55
години, децата веќе беа независни и сфатив дека повеќе не сакам да живеам така
и повеќе ова не ми треба.
Мојот сопруг има скапо хоби - лов: три чистокрвни
трагачки кучиња, многу различни оружја, воки-токи, но тој не ми дозволува дури
и да имам мачка дома затоа што не ги сака. И многу работи има што тој не ги
сака, а јас што го сакам. Јас бев спречена во многу разботи, затоа што нему тоа
му сметаше.
Во септември (пред 6 години) предложив да се
разведеме - му го дадов целиот мој имот, само во замена за мир и слобода. Тој
се согласи веднаш затоа што дотогаш врската беше скоро исчезната, децата не беа
дома и тој немаше желба да направи нешто за мене.
Веќе во ноември, се преселив во мојот мал стан. Со
еден куфер отидов меѓу празните sидови. Бев многу среќна! Почнав да средувам сè
постепено.
Поминаа 6 години од разводот, а сега секоја година
одам на море, на концерти, на различни патувања во други градови. Имам две
мачки. Јас имам многу добар однос со моите деца. Сега имам вид на мир за кој
никогаш не сум го имала, мислам дека се случи најубавиот период од мојот живот
и не сакам да сменам ништо. Не сакам повеќе да се омажам - 33 години бев тоа
...“