Животна училница // Приказни
„Билјана Ивановска влегува во трка за Центар“: Жената која го бранеше интегритетот на државата ќе се бори за довербата на граѓаните

Платформата „Независни заедно“ ја претстави истакнатата борка за правда и долгогодишна антикорупционерка Билјана Ивановска како независна кандидатка за градоначалничка на Општина Центар.
Ивановска, која важи за една од најреспектабилните јавни личности во државата, добива силна поддршка од граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 398“.
Од Платформата порачаа дека нејзината кандидатура претставува исклучива ориентација кон транспарентност, отчетност и враќање на довербата во локалната власт преку интегритет и професионализам.
„Сакам да живеам во општество во кое ќе се почитува системот на вредности, а квалитетот ќе дојде до израз наместо да ја напушта државата“, порача во една прилика Билјана која е сопруга и мајка на три деца.ФОТО: Фејсбук-официјален профил Билјана Ивановска