Брајан Алдис, творецот на Вештачка интелигенција, во режија на Спилберг, ми остави аманет: Слободанка Ничевска, виолинистка за Женски магазин

Добивај вести на Viber

Слободанка Ничевска родена во Велес, почнала да свири виолина на 10 години во класата на проф.Роска Чукниева. Некoи од наставниците во музичкото училиште во Велес, велеле дека е предоцна да почне да свири на виолина, но пресудна била одлуката на таткои и која и го отворила патот кон музиката.

-Татко ми им се обрати со зборовите: „Дајте му на детето да свири на виолина, немора да го правиме Паганини“. На 11 години го освоив третото место на републичкиот натпревар - дуо виолини. Настапите и наградите се нижеа и во наредните години. Продолжив со школување во „ДМБУЦ Илија Николовски – Луј“ во класата на проф.Иле Темков, а потоа и на „ФМУ – Св.Кирил и Методиј“ во класата на проф.Михаило Куфојанакис. Тој беше специјален гостин на мојот солистички концерт на 25.03.2019 во МНТ. Го свиревме Шостакович. Посетував многу семинари, а најголем впечаток ми остави тој во Охрид, во 2004 година кај Schlomo Mintz – вели Слободанка.


Школувањето не било едноставно за нејзините родители „Порцоланци“ под стечај, со многу плати неисплатени до ден денес. Но, успеале да и дадат се што е потребно и да и бидат најголема поддршка. По, нејзиниот матурски концерт во МРТВ и „ОУ Блаже Коневски“ – Велес, имала настап и во ликовната галерија во Велес. Таму се запознала со личноста која ќе и го смени размислувањето за музиката.

-Специјален гостин на настанот беше познатиот англиски писател на научна фантастика Брајан Алдис. Некои негови дела се филмувани во режија на Стивен Сполберг, а музика е на Џон Вилијамс. Едно од најпознатите негови дела е филмот „Вештачка интелегенција“ во режија на Спилберг. Ме пофали за свирењето и си разменивме контакти. Почнавме да се допишување. Добивав многу професионални понуди. Една од нив беше да искомпонирам музика за рецитал во Оксфорд и за неговото дело, оперетета „Oedipus on Mars“. Не ги искористив. Причина за тоа беа финансиитe, но и детското во себе, односно немав самодоверба. Не сфаќав дека ми нуди соработка за еден убав уметнчки пат. Секој пишан збор,секое негово писмо ми се посебно драги. Сега препрочитани ми даваат поттик да ги направам сите оние уметнички работи што тогаш не сум ги направила. Да го исполнам аманетот што му го дадов – да создадам цеде со своја музика – открива Ничевска.

Проектот „Сонце“ со нејзини 12 композиции е готов. Реализиран е во студио „Т“мница“. Во улога на продуцент се јавува Никола Димовски Т’мница.

- Секој наслов има свое значење и е опишан во секое дело преку музиката и аранжманот. Можам да ја опишам како современа-светска музика која истовремено има примеси на традиционален-етно призвук,во комбинација со светски нагласок и класични виртуозни елементи. Дел од делата кои ги изведувам и компонирам веќе и се познати на македонската јавност и добив одлични критики. Истите се вртат по локални радија и телевизии. За композициите се пишуваше по социјални мрежи, а истите се достапни на Youtube каналот Slobodanka Nichevska . Имам уште многу свои, необјавени песни. – открива таа.


Од 2007 година работи во Националната опера и балет како виолинист-тутист во оркестарот. Работата ја исполнува, свири со голема љубов.

-Периодот на корона пандемијата, го искористив многу креативно и со посветеност кон двете деца. А тоа вроди со успех. Посебно кај поголемата ќеркичка Сара Ничевска, која всушност направи чудо. Почна да свири флејта од крај на ноември 2020 година без ниту еден час со физичко присуство, се до првиот натпревар. Секој уметник знае дека свирење инструмент е најдобро со физички контакт со индивидуална настава. Тука својата професионалност и посветеност ја покажа и нејзината наставничка Наташа Еленова. Сара освои три први награди во предкатегорија, на интернационален, државен и на општински натпревар – открива  виолинитската.

Соња Алексоска Неделковска