Остана без најдрагата личност во животот: Солзите на Лепа Брена и денеска се слеваат по него

Добивај вести на Viber

Иако со години е синоним за веселост и насмевка, Лепа Брена низ животот поминала низ многу неволји кои оставиле длабоки траги на нејзината душа. 

Малкумина знаат дека зад гламурот и сјајот имаше и моменти на тага, солзи и загуби кои ни времето не можеше да ги избрише.

Таткото на Лепа Брена, Абид Јахиќ, бил нејзиниот најголем поддржувач и столб во најважните периоди од нејзиниот живот. Неговата смрт во 2010 година, на роденденот на пејачката, остави непоправлива празнина. Иако многу од нејзините солзи во текот на нејзината кариера беа солзи радосници, оние што ги пролеа поради загубата на нејзиниот татко беа тешки и неизбришливи.

Таткото на Лепа Брена – Поддршка, сила и рана која не поминува

И покрај насмевката што ја носи пред камерите, смртта на таткото на Лепа Брена останува рана која и денес ја носи со себе. Во една од своите објави на социјалните мрежи, Брена сподели фотографија со нејзиниот татко од младоста, со зборови кои откриваат колку тој ѝ значел: тој бил столб, потпора и личност која верувала во неа кога е најважно.

За жал, тагата поради загубата не застана тука. Четири години подоцна, токму на денот на семејната прослава на семејството Живојиновиќ, Брена ја загуби и својата мајка Ифета. Заминувањето на двајцата родители ѝ беше тешко да го поднесе, но спасот го најде во топлината на своето семејство - во прегратката на сопругот Боба, како и во поддршката на синовите Виктор и Стефан, кои и помогнаа достоинствено да ја преброди болката.

Извор: svet-scandal