Брижит Макрон во беспрекорен стајлинг, сопругот ја љубеше пред сите: Вистинска француска заводничка и на 68 години (ФОТО)
Француската претседателска двојка, Емануел и Брижит Макрон, подготвија проштална средба за германската канцеларка Ангела Меркел, на која францускиот претседател и го врачи Големиот крст, највисокото одликување на францускиот Орден на Легијата на честа.
За оваа пригода Брижит се облече достоинствено и пристојно, а воедно и беспрекорно. Како и повеќето Французинки, така и првата дама на оваа земја претпочита модни класици кои лесно се комбинираат со друга облека, а секогаш изгледаат елегантно и шик.
Малиот црн фустан во комбинација со кожен ремен, класични салонки и чанта беше совршен избор за оваа свечена пригода.

Во елегантниот модел на фустанот кој се протегнува над коленото, Брижит му беше апсолутно неодолива на својот сопруг Емануел, кој не можеше да се воздржи без да ја бакне и гушне пред сите.
Кога ја испратија Ангела Меркел надвор, Брижит уште еднаш го привлече вниманието со нејзината непогрешлива модна класика - долгиот капут во крем боја.Фото : инстаграм
Извор: stil.kurir.rs