Тројка што ја сака Балканот: Давид, Серѓеј и Бојан на исто место, во ист момент
Македонскиот пејач Давид Темелков привлече внимание на социјалните мрежи откако објави фотографија на која се појавува заедно со црногорските музички ѕвезди Сeрѓеј Ќетковиќ и Бојан Маровиќ. Тројцата музичари, добро познати и омилени на регионалната публика, присуствуваа на прославата по повод 31. роденден на српското радио „Накси“, едно од најслушаните радио-станици во Србија.

Сeрѓеј Ќетковиќ и Бојан Маровиќ со години важат за исклучително популарни изведувачи и во Македонија, каде што често настапуваат и имаат силна и лојална публика. Актуелната фотографија само дополнително го зацврсти впечатокот дека регионалната музичка сцена продолжува да функционира како големо семејство исполнето со соработка и почит.

На заедничката фотографија, тројцата пејачи изгледаат како вистински џентлмени – имиња омилени на женската публика, секој препознатлив по своите големи хитови и долгогодишна музичка кариера во регионот.
Давид Темелков, кој во последните години го гради својот имиџ на едно од најперспективните млади музички имиња, овој месец го објави својот прв музички албум со наслов „Слушај кога животот ти диктира“. Албумот веќе предизвикува интерес кај неговите обожаватели, а Темелков одлично го заокружи периодот со новиот видеоспот за песната „Седум ноќи, седум дена“, реализиран со тим од македонски музичари.
РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм