Цените во Грција, овој викенд „живо џабе“: Мит е дека оваа сезона е скапа

Добивај вести на Viber

Иако често се шпекулира дека летувањето во Грција е скапо, реалноста на терен покажува поинаква слика. 

На Халкидики постојат места каде цените се повеќе од пристојни, дури и за семејни одмори со ограничен буџет.

Фото: Приватна архива

Викендов, на бројни плажи можете да уживате во кафе по стандардна цена, со кое добивате гратис флаширана вода, бесплатна лежалка без временско ограничување и бесплатен Wi-Fi – услови што ретко се среќаваат во други туристички дестинации.

Фото: Приватна архива

Во маркетите, водата е значително поевтина отколку во Македонија, особено кога се купува во пакети. Цените на другите прехранбени производи се слични, а некои овошја и зеленчуци се дури и поевтини.

Фото: Приватна архива

Кога станува збор за сместување, се нудат апартмани по цена од само 15 евра на вечер. Тие се целосно опремени со кујна, што овозможува самостојно готвење и дополнителна заштеда.

Летување во Грција може да биде и поволно – потребно е само малку истражување.