Човечност на дело: Дури 429 колеги ги донираа своите годишни одмори на мајка чие девојче заболе од леукемија

Добивај вести на Viber

фото:Canva

На девојчето Фиона, ѝ беше дијагностицирана леукемија минатата година, кога таа имаше само три години. Животот на целото семејство се промени, а мајката на Фиона, Даниела Берлит веднаш реши да биде со нејзината ќерка дење и ноќе.
Работеше како продавачка во ланецот „Dänisches Bettenlager“ и веднаш го зеде целиот одмор, кој истече по 36 дена кога немаше друг избор освен да се врати на работа. Сепак, нејзините колеги решија да ѝ помогнат. Со објавува на Фејсбук, тие се осигурија дека сите вработени во ланецот ќе донираат дел од своите денови за одмор.

- Бев во болница со Фиона, седев на подот од ходникот и само плачев. Едноставно не можев да поверувам. Колегите од цела Германија кои работат во ланцето, ми го дадоа својот одмор. Бев толку зачудена што луѓе кои воопшто не ме познаваат ми го дадоа својот одмор, и прекувремени саати.

429 колеги ѝ подарија годишен одмор, а оние кои немаа преостанато денови од годишниот одмор, ги донираа своите прекувремени часови. Таа доби вкупно четири години и шест месеци годишен одмор.

- Прекрасно е да се доживее толку многу човечност и хуманост и да се сфати дека има толку многу добри луѓе... неверојатно е.

На нејзината ќерка Фиона ѝ остануваат уште три третмани со хемотерапија, чии несакани ефекти, како што наведува, не се толку силни. Таа откри и што планира со преостанатиот одмор доколку нејзиното девојче стане подобро.
- Ми беше јасно дека не сакам да останам дома четири години ако Фиона се опорави целосно. Исто така, моја желба е брзо да се вратам во нормала. Ја сакам мојата работа дури и повеќе од порано заради целата ситуација. И затоа им реков дека ќе останам дома само една година, од декември 2020 година до декември 2021 година - заклучи таа.

извор:zenskikutak.rs

Може да ве интересира:

(ВИДЕО) Две легенди: Ѓоковиќ го отстапи најдоброто место на теренот на мал победник на канцер

Хуманост на дело: Пожарникари на рацете носеа две лица со парализа за да го видат заоѓањето на сонцето