Цитат на денот: Можете да изгубите само нешто што имате, но не можете да изгубите нешто што СТЕ
Екхарт Толе (германски: Eckhart Tolle; р. 16 февруари 1948) — духовен учител и автор на неколку бестселери.
Германец по потекло, тој е во моментов жител на Канада. Автор е на книгите „Моќта на сегашниот момент“ (The Power of Now) и „Нова земја“ (A New Earth), напишани на англиски јазик. Во 2011 година е прогласен за највлијателниот духовен учител во светот. Во 2008 година, новинар од „Њујорк Тајмс“ го нарекол Екхарт Толе „најпопуларниот автор за духовниот живот во САД.
Роден како Улрих Толе, во Линен, Германија, во 1948 година,Толе го опишал своето детство како несреќно, посебно раното детство поминато во Германија, кога неговите родители се развеле. На 13 годишна возраст, се преселил во Шпанија за да живее со татко му.Татко му не го терал да посетува средно училиште, па така Толе учел литература, астрономија и јазици од дома.
На 19 години, се преселил во Англија и наредните три години предавал германски и шпански во училиште за странски јазици во Лондон.Вознемируван од депресија, грижи и стравови, ја почнал потрагата по „одговорите’ за животот.На околу 22 години решил да студира филозофија, психологија и литература, па се запишал на Универзитетот во Лондон.По дипломирањето со највисока оценка во класот му била понудена стипендија за да продолжи со истражувања на универзитетот Кембриџ, каде е примен во 1977 година.
Тој е познат по мудрите цитати а денес ви споделуваме една:„Престанете да се дефинирате себе си и другите . Нема да умрете. Ќе започнете да живеете. И не грижете се за тоа како другите ве дефинираат. Кога ќе ве дефинираат - тие се ограничуваат, така да тоа е нивен проблем.
Секогаш кога сте со луѓе, не бидете таму за да играте некоја улога, туку како поле на свесно присуство. Можете да изгубите само нешто што имате, но не можете да изгубите нешто што СТЕ. - Екхарт Толе