Д-р Нико Беќаровски појаснува дали промајата е спас или причина за болест

Добивај вести на Viber

Секој од нас барем еднаш слушнал : „затвори го прозорецот, ќе те сотре промаја„ без разлика дали е во некоја просторија или во градски превоз.

Оваа констатација за провевот или промајата како одомаќинен збор кај нас, е врежана кај секој Македонец. 

Подготвени сме да се гушиме во просторот, ама нема да ги отвориме  прозорците и вратите истовремено. Доколку тоа го сториме ќе ни се укочи вратот, ќе не боли глава, ќе добиеме некое воспаление. 

Според д-р Нико Беќаровски современата медицина не признава поврзаност на промајата и било какви болести, посебно во летните месеци.

- Ова уверување се уште постои само во балканските држави, пред се во нашата. Сепак се смета дека долготрајна изложеност на студен воздух може да предизвика болки во мускулите поради вазоконтрикција на крвните садови. 

Ако воздухот и изразито сув може да предизвика и иритација на дишните патишта. 

Главоболката кои некои ја поврзуваат со промајата пред се е резултат на вкочанување на вратните мускули поради вазоконтрикција. Многу поголем и вистински проблем се разладите клима уреди кои ако редовно не се чистат и дезинфицираат можат да бидат извор на сериозни бактериски инфекции кои се почесто ги среќаваме пред се кај најмладите - вели докторот и дополнува.

-Главна препорака би била лицата со хронични ревматски и мускулни болести да избегнуваат директна изложеност, бидејќи може да ја влоши веќе постојната болест, иако промајата сама по себе не може да биде директен предизвикувач на болест – заклучува д-р Беќаровски.

С.А. Н