Ѝ дал на девојката да потпише договор за Европското: Додека траат натпреварите во фудбал, нема убави пораки, јас ќе бидам во пабот ...
Дека за некои
луѓе фудбалот е повеќе од „најважната споредна работа во животот“
покажува и примерот од Англија каде што еден човек ја замолил својата девојка
да потпише договор за однесување за време на Европското првенство во фудбал.
Џорџија Холмс го објави на ТикТок договорот што и го испратил нејзиното момче Џоел во пресрет на почетокот на шампионатот. Во договорот, тој утврдил низа правила за тоа како би се однесувал додека трае „фудбалското лудило“ и тој не ја воодушевил.
„Јас не сум единствената што добила писмо од нејзиното момче пред почетокот на Европското“, рече таа на видеото пред да го покаже договорот што и го испратил нејзиното момче.
- Ова го пишувам за да ги знаеме условите и одредбите за Европското првенство во фудбал, кое ќе трае од 11 јуни 2021 година до 11 јули 2021 година. Сега следи список на правила што треба да ги следиме - се вели на самиот почеток на договорот.
Тој навел дека не треба да се очекуваат убави пораки од него во текот на следните недели и дека нема да има интеракција со мобилниот телефон за време на натпреварите, освен ако тој не и се јави за да и каже ‘фудбалот се враќа дома’. Тој исто така напишал дека поголемиот дел од своето време ќе го поминува во пабот, а таа не смеела да му праќа пораки и да го прашува кога ќе се врати дома. Друго правило вели дека тој не смее да се јавува за време на натпреварите, освен ако не е вонредна состојба.

Исто така, таа може да му испраќа пораки само за време на полувреме или кога ќе заврши натпреварот, бидејќи целото негово внимание треба да биде кон натпреварот.
Тој исто така изјавил дека таа не смее да го сфати неговото лошо расположение поврзано со резултатот на натпреварот озбилно, и навел дека ќе пие додека ги гледа натпреварите, па веројатно ќе се врати дома „под пареа“.

-Ако веруваш дека заборавив нешто или имаш некои предлози, можеш да ме повикаш да закажеме состанок во време што ни одговара. Благодарам - напишал на крајот и додал дека Џорџија треба да запомни колку ја сака.
„Морав да се смеам на сето тоа“, рече таа на крајот од видеото.
Многумина ја видоа смешната страна на сето тоа и го пофалија нејзиното момче за неговата имагинација, пишува The Sun.
- Само што му го покажав ова на мојот дечко и тој рече дека истото важи и за мене - беше напишано во еден од коментарите на видеото.
Фото и Видео: ТикТок